Санта Аргирова со нов политички трилер за времето во кое живееме

Од:

Во книжарница на „Култура“, новинарката Санта Аргирова, денеска, ја промовираше својата нова, втора по ред, книга „Добро утро Јаков“. Се работи за политички трилер во кој се прикажува вечната борба на доброто и злото.

Во романот се раскажува за низа возбудливи настани над црвената линија на моќта и на очајот. Претставници на политичката моќ, и оние другите, контролирани, водени и заведувани од неа. Да се заземе филозофски став или да се искористи правото на активен пристап кон злото лоцирано во политиката. Дејството нè води кон сознанието дека херојството и хероите не одумреле и не умираат секогаш. Уште едно возбудливо четиво кое говори за духот на времето во кое живееме.

12387729_10208306912645666_1522032970_n

– И во оваа како и во првата книга „Поздрав од Дрезден“, има низа возбудливи настани кои се над црвената линија на моќта и на очајот. Претставници на политиката, моќниците од едната страна и оние другите водени, заведувани и контролирани од политиката. Прашањето е дали да се заземе филозофски став кон злото во политиката или можеби активен пристап, вели Аргирова

Од издавачката куќа „Култура“ веднаш го прифатиле објавувањето на ова дело, бидејќи оцениле дека се работи за роман кој е подобар од многу странски дела од овој жанр.

Пред големиот број публика, книгата ја промовираше Калиопа Петрушевска.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска