Санација на Спомен-костурницата од НОВ во Велес

Од:

Спомен-костурницата во Велес се уредува внатрешно во изминатите два месеца, што е втора фаза од  реконструкција на ова значајно спомен-обележје од Народноослободителната војна.

Со средства од Министерството за култура и со инструкции од  Националниот конзерваторски центар, од почетокот на годинава беа изведени зафати на покривната конструкција за да се санира  прокиснувањето во Костурницата.

– Поради високите температури, стагнираат надворешните работи за санација на покривот на Костурницата. Тие ќе продолжат наесен, изјави за МИА Марин Клифов,  раководител во Народниот музеј, и додаде дека работите од втората фаза од санацијата целосно ќе бидат завршени до крајот на годинава.

Спомен-костурницата од НОВ во Велес е отворена на 9 ноември 1979 година. Во нејзината внатрешност  почиваат посмртните останки на 87 борци од Велес и Велешко, меѓу кои и на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Ова значајно спомен-обележје и едно од поновите симболи на Велес  е изградено според архитектонското решение на Љубомир Денковиќ и Саво Суботин.

Со санацијата е заштитен од оштетување од дожд  и големиот мозаик во Костурницата, кој е изработен од уметникот Петар Мазев.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ