Санација и реставрација на фасадата на Архивската зграда во Струмица

Од:

Во рамките на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година и во согласност со Акцискиот план на Владата на Република Македонија за санација на фасади од староградската архитектура, во тек е реализацијата на проектот за санација и реставрација на фасадата на објектот на Архивската зграда во Струмица каде што е сместена репрезентативна музејска поставка која ја отсликува историјата и традиција на овој град низ вековите.

Како што соопшти денеска Министерството за култура, надлежната установа, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, го изработила основниот проект, а по завршувањето на тендерската постапка и изборот на најпогоден изведувач, ќе се пристапи кон реализација на проектот. Планирано е работите за санација на фасадата на објектот да завршат до крајот на тековната година.

Како пример на сеционистичкиот стил, објектот каде што денес се сместени архивското одделение и постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ вековите“, е изграден во периодот меѓу 1931 и 1934 година и претставува споменик на културата заштитен со закон. 

Би можело да ве интересира

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал