Саем на книги поддржани од програмата „Култура 2007-2013“

Од:

Во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде отворен Саемот на книги поддржани од програмата Култура 2007- 2013 на ЕУ, што ќе трае до 29 сепетември.

Саемот претставува проширен концепт на промоција на проектите за книжевни преводи поддржани од програмата Култура на ЕУ која Министерството за култура и Делегацијата на Европската унија во Скопје ја започнаа минатата година.

Во рамките на саемот, ќе се одржат литературни читања и дискуии на кои ќе учествуваат еминентни автори од регионот, меѓу кои и: босанската писателка Мелина Камериќ, унгарскиот писател Ѓерѓ Конрад, словенечкиот писател Душан Чатер, српскиот издавач Дејан Илиќ, како и двајцата добитници на Наградата за современа литература на ЕУ во 2011 година: Ирен Ниг од Линхеншајн и Родан Галиди од Холандија.

За време на настанот, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе бидат изложени книгите на дванаесетте издавачки куќи преведени и публикувани со поддршка на програмата Култура на ЕУ и Министерството за култура: Или Или, Три, Магор, Темплум, Вермилион, Профуднум, Бегемот, Блесок, Вермилион, Каприкорнус, Евроблакан, Сигмапрес.

Саемот е во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Одделението Културно-контактна точка (ККТ) при Секторот за евроинтеграции, во соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадите на Кралството Холандија и на Република Унгарија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска