Саем на книгата на „Матица македонска“ во Битола

Од:

Издавачката куќа „Матица македонска“ денеска од Битола почна со турнеја на книгата „ДА за книгата“ која ќе биде организирана и во неколку други поголеми градови во државата.

Директорот на издавачката куќа, Дејан Павлевски, рече дека до 5 април покрај саемска активност ќе приредат и неколку промоции на автори, писатели кои живеат и творат во Битола.

– Кога зборуваме за книгата, велиме дека треба да читаме повеќе за нашите зборови да бидат полни со убавина, а мудроста од книгите да ја преточиме во наше секојдневие. Ние како издавачи порачуваме дека ако видите човек без насмевка, тогаш подарете му книга. Сакаме да го славиме зборот, да го славиме делото и да го славиме авторот, а на тој начин ја славиме книгата, нагласи Павлевски на свеченото отворање во Битола.

Паралелно со саемската манифестација во НУ Центар за култура-Битола ќе се одржат неколку промотивни настани посветени на творештвото на Раде Силјан, писателот Добре Тодоровски, во сабота навечер ќе биде презентиран Битолскиот книжевен округ, а в недела творештвото на Петре Димовски.

– Нашата институција секогаш поддржува и се вклучува во квалитетни проекти, како што сега тоа го прави реномираната издавачка куќа „Матица македонска“. За оваа манифестација е важно што директно ќе придонесе за општествениот, социјалниот и културниот живот во Битола, бидејќи таа има хуманитарен аспект, односно за секоја купена/продадена книга издавачаот ќе донира една книга, кои потоа ќе бидат подарени во основните училишта во Битола, изјави Борче Димитровски, директор на битолскиот Центар за култура.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска