Издавачката куќа „Култура“ од 15 јуни во Веро-центарот организира летен саем на книга и кампања „Подготви се за топлото лето“. Читателите ќе може да купат книги по намалена цена и во книжарницата „Култура“ на плоштадот „Македонија“.
Саемот на книга ќе почне со промоција на романот „Лето во Тоскана“ на Елизабет Адлер, а од понеделник издавачот ќе ја почне и акцијата „3 во 1“.
Од 17 јуни па во наредните две недели купувачите на книга во книжарницата „Култура“ меѓу 11 и 13.30 часот ќе добијат и кафе и вода.