Во издание на „Македоника литера“ од Скопје објавена е книгата „Руски народни приказни“, во превод од руски јазик на Миле Иваноски.
Овој избор содржи 31 познати руски народни приказни. Светот на руските народни приказни е необичен, а при секоја средба со него впечатливи се волшебните фантазии на народниот раскажувач. За руските народни приказни е карактеристично што со векови е негувана традиција на прераскажување од многумина познати собирачи, фолклористи и писатели.
Книгата е богато илустрирана со цртежи со мотиви од руските народни приказни.