Руски камерен концерт во Центарот за култура во Битола

Од:

Санктпетербургската куќа на музиката, „Россотрудничество“ и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија организираат камерен концерт во Битола на кој ќе настапат Алексеј Мелников на пијано и Владимир Устјанцев на саксофон.

На концертот, кој ќе се одржи вечер во 19 часот во Центарот за култура во Битола, ќе бидат изведени дела од Бетовен, Шопен, Витали, Франк, Албенис, Гершвин…

Концертот е поддржан и од почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола, а влезот е слободен.

Овој концерт е дел од проектот „Амбасада на вештината“, основана по иницијатива на Министерството за култура на Руската Федерација и вклучува патување на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура во странски држави. Во 2016 година се одржале 60 концерти во 22 држави во светот. Нејзина главна задача е развој на класичната музичка уметност, зачувување на традиционалните изведувања и подготовка на млади руски музичари за меѓународни натпревари и фестивали.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска