Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт диригиран од Владимир Куленовиќ од Србија, а како солист на виолончело ќе се пртстави Маја Богдановиќ од Белград која ќе го изведе Концертот за виолончело број 1 од рускиот великан Дмитриј Шостакович.
Оркестарот на Македонската филхармонија на концертот кој носи наслов „Руска ноќ“ ќе ги изведе и увертирата од операта „Царска невеста“ од Николај Римски Корсаков, како и „Жар-птица“ од Игор Стравински.
На концертот премиерно ќе биде изведено делото „Горе-Долу“-три слики од „Книга на промени“ на македонскиот композитор Владимир Николов. Композицијата на Николов која е инспирирана од поширокото толкување на класичнотро дело „Ји Џинг“ е минатогодишен победник на анонимниот конкурс за избор на оркестарско дело што го објави Сојузот на композитори на Македонија.