„Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ нова премиера во Битолскиот театар

Од:

Народен театар-Битола соопшти дека утревечер премиерно ќе биде изведена претставата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ од Том Стопард во режија на гостинот од Србија Никита Миливојевиќ, која битолските актери ќе ја одиграат во просториите на Домот на АРМ попознат како офицерски дом во Битола.

Претставата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ се подготвуваше паралелно додека во градот се одвиваше првиот „Битола Шекспир фестивал“ но благодарение на позитивната енергија и задоволството од успешно завршениот голем театарски настан собравме сили за да ден потоа понудиме нова театарска премиера, посочи Валентин Светозарев директор на НУ Народен театар-Битола.

– Нашите амбиции се големи и не застануваат тука. Потврдата за квалитетен театар што ја добивме од националните театри од најголемите држави во светот од САД, Кина, Русија но и од Велика Британија за „Битола Шекспир фестивал“ беше главен придвижувач за да на најдолгото културно лето во Македонија, односно „БитФест“ понудиме уште еден театарски проект -премиера на претставата „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“ која ќе се одигра во офицерскиот дом во Битола, истакна Светозарев.

Главните улоги во претставата, ликовите на Розенкранц и Гилденстерн ги играат актерите Огнен Дранговски и Мартин Мирчевски, а заедно со нив ќе настапат и Петар Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Петар Горко, Соња Михајлова, Борис Чоревски, Катерина Аневска, Никола Пројчевски, Слободан Степановски, Иван Јерчиќ, Александар Стефановски, Борче Ѓаковски, Соња Ошавкова, Илина Чоревска, Маја Андоновска, Пеце Спировски и Душко Јовановиќ.

Сценографијата за најновата театарска премиера ја изработи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, музиката е на Миодраг Неќак, а сценските движења ги подготви гостинката од Шкотска Амалија Беннетт, информираат од НУ Народен театар-Битола.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ