Македонската филхармонија вечер под диригентската палка на Јануш Пшибилски од Полска ќе го одржи концеротот „Романтични арии за бас“ на кој како солист ќе настапи басот Игор Дурловски, македонскиот истакнат оперски пејач со меѓународна кариера.
Дурловски ќе изведе две дела од германските композитори Рихард Вагнер и Рихард Штраус, сцената на крал Марке од операта „Тристан и Изолда“ и аријата „Колку е убава музиката“ од операта „Немата жена“.
Филхармонијата, пак, ќе ги изведе и увертирата од операта „Мајстори пејачи“ од Вагнер и „Адаџето“ од операта „Изгубениот рај“ од полскиот авангарден композитор Кшиштоф Пендерецки, како и Симфониета број 1 од послкиот композитор Мјачеслав Вајнберг кој живеел во Русија и затоа се смета за третиот најголем руски композитор заедно со Димитриј Шостакович и Сергеј Прокофјев.