Романот „Златни обетки за Марија“ објавен во Бугарија

Од:

Романот „Златни обетки за Марија“ од Петко Шипинкаровски е објавен во Бугарија, во издание на „Нима“ ЕООД од Плевен, преведен од Вања Ангелова, професор на Великотрновскиот универзитет.

zlatniObetkiРоманот во 2011 година ја доби наградата „Струшко изгрејсонце“ што ја доделуваат книгоиздателството „Феникс“ и фондацијата  „Македонија презент“ за најдобра книга за деца и млади.

Шипинкаровски е член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови прозни и поетски трудови се преведувани и објавувани на повеќе јазици.

Основач и организатор е на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“ и главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и наука „Бранувања“ кое се објавува во Струга.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска