Романот „Возовите на Луцерн“ од Пандева објавен на германски јазик

Од:

Последниот роман на македонската писателка Лилјана Пандева „Возовите на Луцерн“ деновиве на германски јазик го објави австрискиот издавач „Весер“, во превод на Волф Ошлис.

Германскиот наслов гласи „Балкан екпрес Скопје – Лозана“. Инаку, ова е втор роман на Пандева, кој е преведен за германскиот пазар по големиот успех, кој го постигна нејзиниот прв роман „Од агендата на Калина Калин.

Романот „Возовите на Луцерн“ е во издание на ПНВ Публикации од Скопје и раскажува за животот на млада македонска емигрантка во Швајцарија. Сижејната линија на романот е претставена во три компактни целини поделени според местото на „престојување“ на нараторката. Тоа се швајцарските градови Ешалан, Ивердон и Лозана.

– Станува збор, всушност, за процес на патување на една „свежо“ дипломирана девојка од Македонија, која се решава да отпатува во Швајцарија првенствено и, условно кажано, поради две популарни причини: печалба и усовршување на францускиот јазик. Од нив подоцна произлегува и третата причина, онаа на искуството, која дозволува и искристализирани споредби, размисли и сознанија за она што се вика идентитет сфатено во најшироката смисла на тој термин, се вели во прилогот од издавачот кон книгата.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска