Романот „Трошки“ објавен на македонски јазик

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Трошки“ од Миха Мацини. Книгата ја вбројуваат меѓу најголемите бестселери во поранешна Југославија. Преводот на македонски е на Драгана Евтимова.

Главниот лик, Егон, е крајно неморален, но харизматичен писател, кој живее во комунистички индустриски град во Словенија пред распадот на Југославија. Немајќи реален однос кон својот книжевен потенцијал, пишува љубовни романчиња под псевдоним. Кога не е во потрага по секс или кога не го пцуе книжевниот естаблишмент, бара начини како да најде што поголеми количини од скапиот афтершејв „картие“ за мажи. Околу себе има собрано збирштина пријатели и познајници, подеднакво слични во своите опсесии и нерализирани амбиции. Поетот има желба да го објават во кожени корици, Ибро ја сака Ајша, девојка од фабриката пред која не зуцнал збор, додека Селим е убеден дека ќе се ожени со познатата актерка Настасја Кински. Како што обидите на Егон да најде што е можно повеќе од парфемот стануваат позабегани, така тој го губи контактот со својот идентитет.

„Трошки“ не е само цинична, валкано реалистична сатира – модерен европски класик – туку и фасцинантен, крајно уникатен коментар на патологијата на самоопределбата. Според оваа книга е снимен и филмот „Проектот Картие“.

Миха Мацини (1961) е словенечки писател, сценарист, режисер и публицист. Има објавено 28 книги преведени на 10 јазици. Докторирал антропологија. Магистрирал креативно пишување за филм и телевизија наУниверзитетот во Шефилд. Член е на Европската филмска академија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска