Романот „Тајната во нивните очи“ на Едуардо Сачери во издание на „Македоника литера“

Од:

Романот „Тајната во нивните очи“ на аргентинскиот писател Едуардо Сачери, според кој е снимен истоимен филм и кој во 2010 година доби оскар за најдобар странски филм, наскоро во издание на Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје.

– Овој трилер, виртуозно раскажан од Сачери, го прикажува долгогодишното разрешување на еден грозен чин од времето на турбулентната и крвава политичка ситуација во Аргентина во 70-тите години на минатиот век, се наведува во соопштението на „Македоника литера“.

Магазинот „Њујоркер“ за романот пишува дека е „интригантен и возбудлив трилер од Аргентина, кој ги пробива границите на државата и на континентот, и добива светско признание. Истовремено криминална приказна и приказна за една неостварена љубов.“

Романот е преведен на многу јазици, меѓу кои и на англиски, португалски, италијански, француски, германски, кинески, полски, унгарски, бугарски и српски јазик.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска