Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ ќе се објави во Индија, Либан и Етиопија

Од:

Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски ќе биде објавен и во Индија, Либан и Етиопија. Во Индија на малајаламски јазик романот ќе го објави „Мега букс“ од Керала, во Либан делото ќе се појави на арапски јазик во издание на „Нинава“ од Бејрут, а во Етиопија, издавачот „Хохе“ од Адис Абеба „Сестрата на Зигмунд Фројд“ ќе го објави на амхарски јазик.

Авторските права за објавување на романот во овие земји ги обезбеди агенцијата за книжевност „Астје“ од Париз која е официјален застапник на делата на Гоце Смилевски.

За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија, а во 2013 година Наградата за медитеранска култура.

Во Македонија издавач на делото е „Дијалог“ од Скопје. Во Соединетите Американски Држави романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ го објави издавачката куќа „Пингвин“ од Њујорк.

Според бројот на преводите, на повеќе од 30 јазици во Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ е едно од најпреведуваните дела на 21 век.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска