Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски објавен во Хрватска

Од:

Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски е објавен во Хрватска, во издание на издавачката куќа „Фрактура“ од Загреб, а во превод на Борислав Павловски, професор на Загрепскиот универзитет.

По повод објавувањето на романот, Гоце Смилевски, заедно со писателите Клаудио Магрис, Предраг Матвеевиќ, Петер Надаш, Миљенко Јерговиќ и други, учествува на „Фестивалот на светската книжевност“, кој се одржува во Загреб од 5 до 17 септември.

Во рамките на овој фестивал романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ беше претставен во програмата „Разоткривања“ на која модератор беше хрватскиот автор Роман Симиќ.

За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија, а минатата година Наградата за медитеранска култура.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска