Романот „Седумцрквие“ од чешкиот писател Милош Урбан објавен на македонски

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ го објави  романот „Седумцрквие“, готски трилер посветен на Прага, од чешкиот писател Милош Урбан. Преводот на македонски е на Драган Георгиевски.

– „Седумцрквие“ е мрачен трилер за Кветослав Швах и за тоа како тој е поврзан со убиствата во седум катедрали во Прага. Со оваа книга, преведена на десет јазици, Урбан се прославил како „црниот витез на чешката литература“, а самата книга од критиката била прогласена за „ремек-дело на модерната готика“, информира „Антолог“.

Милош Урбан (1967) е еден од најзначајните и најчитани чешки прозаисти. Дел од детството го поминал во чехословачката амбасада во Лондон. Откако дипломирал на катедрата за англистика и нордистика во Прага, една година стажирал на Универзитетот во Оксфорд. Од 1992 работи како уредник во неколку издавачки куќи. Во последно време се посветува на драматиката и на сценаристиката.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска