Романот „Резервен живот“ преведен на словенечки јазик

Од:

Вчера во книжарницата „Модријан“ во Љубљана, Словенија, се одржа промоција на романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска во превод на словенечки на Алеш Мустар.

Промоцијата течеше како разговор со авторката што го водеше познатиот словенечки поет и теоретичар Алеш Дебељак. Романот Резервен живот излезе во едицијата „Читач“ во која се објавуваат современи романи од светската книжевност. На средбата учествуваше и словенечката писателка Маја Новак која го претстави романот Божји деца од хрватската писателка Татјана Громача, исто така во издание на реномираната издавачка куќа Модријан.

Разговорот отвори многу теми и прашања за книжевностите во поранешните југослвенски простори, за нивната рецепција и достапност до читателите и за мноштвото автори кои ги напуштија сопствените земји за да живеат и творат во други, како што е случајот и со Лидија Димковска која подолго време живее во Словенија.

Преводот на романот „Резервен живот“ е првиот од повеќето кои следат. Романот во 2013 година ја доби наградата на Европската Унија за книжевност.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска