Жири комисијата за избор на национален претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика 2017“ во состав д-р Лидија Капушевска,, д-р Ермис Лафазановски и д-р Елизабета Шелева доби на разгледување вкупно 14 дела, кои беа доставени на тековниот конкурс.
На состанокот, одржан на 4 ноември 2017 год., жирито едногласно одлучи – во потесен избор за овогодинешната награда да влезат романите „Круг“ од Димитар Башевски, „Бродот Конзархија“ од Томислав Османли и „Но Уи “ од Лидија Димковска.
По детално спроведената расправа и слоевита анализа околу компаративните вредности и доблести на посочените дела, жири комисијата донесе едногласна одлука – романот „Но Уи “ од Лидија Димковска да биде избран за национален претставник и кандидат од Македонија, што ќе влезе во конкуренција за доделување на наградата на меѓународната фондација „Балканика“ за 2017 година.