Романот „Мраз“ на Јацек Дукај преведен од полски јазик

Од:

Издавачката куќа „Бегемот“ го објави научно-фантастичниот роман „Мраз“ на Јацек Дукај, добитник на Европската награда за литература во 2009 година.

Од полски јазик романот го преведе Филип Димевски. Објавен е со финансиска поддршка од програмата Култура 2007-2013 на Европската унија.

– Научниот дел на романот, како што тврди самиот автор, е историозофија. Делото најпрво било замислено како расказ. Но, двегодишната работа изродила роман во којшто густо се сплетени политички, религиски, културолошки и економски мотиви на Царска Русија заробена под мраз.

– Тие претставуваат колористична заднина на фабулата испреплетена со историски размислувања на голем број ликови, психолошки забави на двајца протагонисти и карактеристични за авторот капитални опсервации во форма на дигресија, информира издавачот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска