Романот „Мирна улица, дрворед“ од Гашиќ во издание на „Македонска реч“

Од:

Романот „Мирна улица, дрворед“ на хрватската писателка Нада Гашиќ, во превод на Ленче Тосева неодамна излезе во издание на Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје.

„Мирна улица, дрворед“ е роман, кој обединува неколку жанрови, со модернистички и вешт пристап во градбата и со третирање на современи проблеми. Има хумористични и иронични елементи, испишан е духовито и со уверливи дијалози и псевдодокументарни елементи.

– Романот на Нада Гашиќ `Мирна улица, дрворед` ги портретира жителите на една улица и дава слика на Загреб, град со метрополитска разноликост и со исклучителен  провинцијализам, лицемерие и суровост – толку добро и уверливо што ќе посакате да се иселите од него, и покрај мирот и дрворедот. Сепак, сите градови се слични, животот главно се одвива засолнет во становите. Проблем е кога ’улицата‘ ќе почне да влегува во становите. Без чукање, вели во критиката за делото писателот и Круно Локотар.

Нада Гашиќ (1950, Марибор, Словенија) дипломирала социологија и југославистика/кроатистика на загрепскиот Филозофски факултет, а докторирала во Прага на Карловиот универзитет каде што работела како лектор по хрватски јазик. Како лектор работела и во Санкт Петербург и Брно. Се занимавала со уредничка, преведувачка и лексикографска работа. Својот прв роман „Мирна улица, дрворед“ го објави во својата 57 година и за него е добитник на наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за најдобро дебитантско дело на годината, а за својот втор роман „Вода, пајажина“, ја понесе наградата на Град Загреб и највисоката државна награда во културата „Владимир Назор“ за најдобро книжевно остварување во 2010 година.

Овие романи беа високо вреднувани и од книжевната критика. Тие се сместуваат меѓу најактуелните и највредните дела во најновата хрватска литература.

Преводот на македонски јазик на „Мирна улица, дрворед“ е поддржан од литературната мрежа ТРАДУКИ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска