Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли ќе биде објавен на бугарски јазик

Од:

Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли ќе биде преведен на бугарски јазик и објавен од книгоиздателството „Персеј“ од Софија, претставувано од неговиот сопственик Пламен Тотев, со кој авторот Османли потпиша договор за издавање на неговиот награден роман. Во превод на бугарски јазик, романот се очекува да се појави во  2016 година.

Издавачката куќа „Персеј“, основана во 2004 година, е фокусирана кон објавување современи скандинавски, руски и бугарски автори, и дела од светската класика. Во последно време угледната издавачка куќа покажува интерес за објавување македонски автори од сите генерации. Неодамна во издание на „Персеј“ беше објавен наградениот роман „Посмртна венчавка“ од Паскал Гилевски, а претходно беа потпишани договори за објави на преводи од шест млади македонски автори.

Dvaeset i prviot, II izdanie mala-1

Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли е добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ во 2010 година кога беше и македонски кандидат за книжевната награда „Балканика“.

Романот е објавен во Хрватска и во Србија, а за 12. Саем на книгата во Солун годинава имаше и интернационално издание на англиски јазик.

До крајот на годинава се очекува и неговата објава на руски јазик во превод на Олга Панкика, во издание на московската издавачка куќа „Рудомино“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска