Романот „Доилката“ од Лилјана Пандева преведен на руски јазик

Од:

Издавачката куќа „У Никитских ворот“ од Москва го објави преведен на руски јазик романот „Доилката“ од Лилјана Пандева. Преводот е на Олга Панкина, а изданието е поддржано од нашето Министерство за култура.

Романот „Доилката“ од Лилјана Пандева во 2016 ја доби наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.

Овој роман е преведен и објавен и на српски јазик во 2019 година, за што ја доби српската книжевна награда „Лукијан Мушицки“, како и наградата на Здружението на книжевните преведувачи на Црна Гора за најдобар преведен роман во 2019 година.

Лилјана Пандева е автор на повеќе прозни и поетски остварувања. Нејзините романи „Од агендата на Калина Калина“ и „Возовите на Луцерн“ се преведени на германски јазик.

Би можело да ве интересира

„Девојчето и градот“ – нова сликовница од Ване Костуранов

Ана Ололовска

„Се гледаме во Опсан“ – издание на ТРИ од новата едиција „Магични приказни“

Ана Ололовска

Објавена книгата за деца „Голманката и морето“ од Марија Пар

Ана Ололовска

Романот „Барутни облаци“ од Бранислав Ѓорѓевски издаден на германски јазик

Ана Ололовска

Три македонски необјавени драми меѓу најдобрите во Европа

Ана Ололовска

Креативна домашна работилница – едукативен портал на „Феникс“

Ана Ололовска