Романот „Чик“ на Волфганг Херндорф објавен на македонски јазик

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ го објави  романот „Чик“ од Волфганг Херндорф, добитник на високи книжевни награди, кој раскажува за пријателството помеѓу двајца средношколци. Преводот на македонски е на Душанка Каевска.  

Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската унија. Во цела 2010 година котирала на листата на бестселери во Германија. Ја има добиено  Наградата за најдобра книга за млади во Германија, како и наградите „Клеменс-Бретано“ и „Ханс-Фалада“.

– Само во Германија книгата се има продадено во повеќе од милион примероци. Во моментов се снима истиоимениот филм во режија на познатиот германско-турски режисер Фатих Акин, информира „Антолог“.

Германскиот писател Волфганг Херндорф (1965-2013) студирал ликовна академија. Работел како илустратор, бил активен блогер и член на националниот фудбалски тим на писатели „Автонама“.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи