Романот „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, во превод на македонистот Борислав Павловски е објавен неодамна во издание на ТИМ-прес од Загреб.
По „Вештица“ и „Папокот на светот“ ова е трет роман на Андоновски во Хрватска. Андоновски е и кроатист кој често пишува критички осврти и поговори за хрватските писатели. Затоа, „Вечерњи лист“ објави големо интервју со Андоновски, не само за романот, туку и за политичката ситуација на Балканот.
Во исто време, во Српското народно позориште во Бања Лука, Дејан Пројковски ја поставува претставата „Генетика на Глембаеви“, работена според текстот на Андоновски, а играна кај нас под наслов „Генетика на кучињата“.