Во издание на издавачката куќа „Персеј’’ објавен е романот „Амбасади” на авторот и академик Луан Старова на бугарски јазик.
Бугарското издание излезе под наслов “Амбасадор на земјата што нема да постои”, во превод од македонски јазик на Марин Петров.
Ова е шести роман од „балканската сага’’ на Старова кој се објавува во Бугарија, по романите: “Времето на козите”, “Враќањето на козите”, “Балкански клуч”, “Балканвавилонци” и “ Ервехе – книга за една мајка”.
Бугарскиот кадемик Антон Дончев забележил дека „оваа книга е рожба на нашиот свет. Таа е повик за обединување. Низ целата книга се проникнува вистината дека проблемите се заемно поврзани, одејќи од минатото се проектираат во иднината. И дека мирната и творечка соработка меѓу народите нема друга алтернатива“.
Академик Дончев, е автор на предговорот на романот „Ервехе-книга за една Мајкa”, по повод книгата „Балканвавилонци”, прогласен за роман на годината во Македонија.