Романот „Адела“ од Гарабет Ибраилеану објавен на македонски јазик

Од:

„Македоника литера“ го објави романот „Адела“ на романскиот писател Гарабет Ибраилеану, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Адела“ е првото дело на Ибраилеану преведено на македонски јазик.

– „Адела“ е класика во романската литература и е филозофски роман во кој главен лик е љубовта. Ова е роман за искушенијата на љубовта, за судирот меѓу разумот и чувствата, за енигмата на вечниот женски принцип. Инспирирана апотеоза на животот, осмислена од љубовта. Суштината на романот е анализата направена од четириесетгодишен човек, психолошка интроспекција која произлегува од душата на вечниот адолесцент и анимирана од духот на деликатниот интелектуалец, кој не верува во можноста за искрена љубов од жена дваесет години помлада од него, се наведува во соопштението од „Македоника литера“.

Гарабет Ибраилеану (1871, Тргу Фрумос – 1936, Букурешт) бил романски критичар и литературен историчар, есеист, педагог, литературен уредник и романсиер. Бил меѓу највлијателните личности во романската литература во првите децении на 20 век, теоретичар, промотор на научната литературна критика, литературен креатор, професор по историја на романската литература на Универзитетот во Јаши и главен уредник на списанието „Романски живот“ меѓу 1906 и 1930.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска