Роман од рускиот писател Вјачеслав Купријанов објавен на македонски јазик

Од:

Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје го објави романот „Вашето Височество Животно“ на рускиот писател Вјачеслав Купријанов.

Во романот Купријанов се зафаќа со цивилизациските и антицивилизациските димензии на човештвото, односно на нечовештвото. Тоа е роман на пародијата и алузијата.

Во Русија романот е окарактеризиран како наследник на „Шинелот“ на Гогољ, каде што главниот лик се појавува по два века и во поинаква облека и со променета човечка душа. Целосната преобразба на човештвото во животински свет се манифестира во сè со што се сретнува човекот во таканаречената современа цивилизација. Токму затоа романот „Вашето Височество Животно“ се смета за директен потомок на „Шинел“ од Гогољ. Главниот херој на романот не е човек, но не е ниту животно во кафез. Овој херој е необичен литературен лик.

Романот претставува антиутопија на реалноста на денешнината. Навлегувајќи од една илузија во друга, авторот на интересен, фантастичен и сатиричен начин, навлегува во проблемите на револуционерното и постреволуционерното руско општество.

Вјачеслав Купријанов (1939, Новосибирск) е реномирано име во современата руска литература – поет, прозаист, преведувач, универзитетски професор. Поголемиот дел од неговите дела се објавени на германски јазик, а е преведуван и на полски, македонски, српски, италијански, бугарски, тамилски, англиски. Добитник е на неколку меѓународни награди, меѓу кои: награда на Фестивалот на поезијата во Гонези (Италија 1986); Европската книжевна награда во Југославија (1987); Македонското книжевно жезло (1998); Наградата Владимир Соколов (Москва, 2002); Награда на Министерството за образование и култура во Австрија за книжевен превод (2007); Меѓународната награда „Бранко Радичевиќ“ (Србија 2006); Меѓународната награда „Моравска писменост“ (Србија 2008); Бунинска награда (Москва 2010).

Неколку пати бил учесник на Струшките вечери на поезијата. Член е на рускиот ПЕН центар. Автор е на многу дела, од кои позначајни се: Од прво лице (поезија); Животот тече, (поезија); Домашни задачи (поезија); Ехо (поезија); Договорете се (поезија); Подобри времиња (избор поезија); Суров ракопис (роман, објавенен на германски јазик); Обувката на Емпедокле (роман, објавен на германски и на хрватски); Орден на Поларните ѕвезди, (раскази); Шари на бамбусовата покривка (прозни минијатури – објавен на руски и германски); Сината Наметка на Вселената или Вашето Височество Животно (роман, преведен на германски и хрватски јазик); Во таинствениот центар (раскази, на германски јазик). Живее и работи во Москва.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска