Роман од хрватскиот писател Лудвиг Лујо Бауер објавен на македонски јазик

Од:

„Големата љубов на Дон Жуан и малата балканска војна“ од хрватскиот писател Лудвиг Лујо Бауер е најновото  издание на „Бата прес“.

– Кажувањето за крвавиот распад на Југославија и за создавањето на новите држави авторот го илустрира и со многубројните љубовни доживувања на главниот јунак Јан. Љубовните стории се всушност неминовност, речиси одбрана при многубројните патувања и при службувањето во Белград, како кадар од Хрватска, бележи издавачот.

– Ова е една книга која кога ќе ја дофатиш не ја испушташ од раце и притоа во себе негодуваш, некогаш и на глас, што не успеваш уште побрзо да ја прочиташ, пишува во есејот за книгата хрватската поетеса и критичарка Лидија Харак.

Романот од хрватски на македонски јазик го преведе Ненад Баткоски, а објавувањето беше поддржано од Министерството за култура на Република Македонија во Националната програма за издаваштво за 2015 година.

Лудвиг Лујо Бауер (1941) е автор на голем број детски книги, раскази, романи, сценарија за филмови (автор е на сценариото за епизодите од популарниот цртан филм „Балтазар“), славист што како професор бил ангажиран во Загреб, Лондон и Вашингтон. Добитник е на голем број награди, меѓу кои и највисоките признанија за објавен роман – „Фран Галовиќ“, „Меша Селимовиќ“ и „Киклоп“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска