Роман и поетска збирка од Петко Шипинкаровски

Од:

По неодамнешната објава на новиот, роман „Утринска молитва“ после „Откорнати души“, „Петра“, „Црна љубов“, „Дабјак“, „Златни обетки за Марија“ и „Децата на Марија, во издрание на фондацијата „Македонија презент“ од Скопје, со поддршка на Министерството за култура, деновиве Културниот центар „Бран“ од Струга ја објави и новата, петта поетска книга „Доаѓаат дождовите“, на струшкиот автор Петко Шипинкаровски.

– Среќата и радоста, подемот и поразот, смртта и поразите подеднакво и постојано ги доближуваат народите едни кон други. Од причина што животот е еден и неповторлив, го уриваат војни, болести, делби и преселби, но постојано наспрема нив се градат нови мостови на пријателство, доверба и соработка меѓу народите и државите, вели литературниот критичар Васил Тоциновски во својата рецензија за романот „Утринска молитва, „Трагедијата на евреите“.

Во најновата поетска книга „Доаѓаат дождовите“, Шипинкаровски ја продолжува сопствената поетска патека што ја зацртал во предходните „Седело на орлица“, Злоуми“, „Бели ветрови“ и „Бели утра“ со препознатлив стил содржан со роднокрајни теми и мотиви, митски обележја, за татковството и татковинското, но и на современието, за она што низ поетската метафора на пеењето, изненадува, па дури и застрашува.

Петко Шипинкаровски е член на Друштвото на писателите на Македонија, на Здружението на новинарите на Македонија и на Македонското научно друштво – Битола, основач и претседател е на Културниот центар „Бран“ – Струга и главен и одговорен уредник на ревијата за книжевност „Бранувања“. Организатор е на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“. Преведен е на повеќе јазици. Добитник на повеќе награди и признанија во земјата и во странство.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи