Роденден на Театарот за деца и младинци, годинава планира четири претстави

Од:

Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска го прославува 31-виот роденден и соопшти дека поради пандемијата го одбележува скромно – со низа пораки и честитки споделени на социјалните мрежи од нивни колеги актери.

– Театарот за деца и младинци во изминатите три децении се докажал дека е најважната културна институција во нашата земја. Тој е местото каде што нашите најмлади ја остваруваат првата средба со културата и уметноста. Изминатата година и покрај пандемијата, нашиот театар од октомври до денес во континуитет реализираше репертоарни активности. И годинава продолжува со план за реализација на дури четири нови претстави, соопшти ТДМ.

Режисерите Драгана Милошевски-Попов и Игор Ивковиќ ќе имаат нови претстави во циклусот насловен „Нови соништа”, а се планира реализација и на првата куклена претстава за возрасни – авторски проект на Драган Довлев кој и ќе ја режира.

– Годинава планираме да изработиме уште две нови претстави за деца – „Во детската соба”, невербално фамилијарно шоу во режија на Милена Миланова од Софија, и претставата „Палешка“ во режија на гостин од Црна Гора, информира Театарот за деца и младинци.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“