Режисерот Дарко Митревски го претстави сценариото за филмот „Аферата Мис Стон“

Од:

Режисерот Дарко Митревски и продуцентите Санмин Парк од САД и Роберт Насков од Македонија, денеска во Битола претставија делови од сценариото, идејата и подготовките за снимање на новиот македонски филм „Аферата Мис Стон“.

Во фестивалскиот прес-центар на ИФФК „Браќа Манаки“, режисерот и сценарист Митревски истакна дека идејата за најновиот филм ја „пронашол“ во една американска антикварница каде ја забележал книгата „Пожар во планините“ која биле посветена на Мис Стон и нејзиното грабнување во Македонија, а во бројната американска литература за тој историски настан го избрал и делото на пулицеровката Тереза Карпентер и нејзината книга „Аферата Мис Стон – првата заложничка криза во модерната американска историја“.

– Го открив американското видување на приказната во времиња кога Америка и Македонија биле многу поинакви од денес. Станува збор за време кога тогашниот американски претседател Теодор Рузвелт само што стапил на должност се соочил со проблемот на грабнување на американска жена на Пирин Планина во Македонија. Во филмот ќе бидат презентирани низа историски настани, но тоа што мене најповеќе ме интересира во овој филм, тоа е што осум месеци по нејзиното ослободување Мис Стон станува најголем застапник и поборник на идеите и идеалите на нејзините грабнувачи. Таа ја поддржува нивната идеологија и до крајот на својот живот останува вљубена во Македонија, истакна режисерот Митревски.

Првите филмски кадри за „Аферата Мис Стон“ во американско-македонска копродукција се очекува да бидат снимени кон крајот на месец април, а ќе се снима и во текот на целото идно лето.

Во филмот ќе настапат македонски и американски актери, а главната улога, улогата на Мис Стон ќе ја има американска актерка, беше посочено на денешната прес конференција во Битола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ