Четвтртото издание на фестивалот на кинематографиите од Југо-Источна Европа “SEE a Paris” заврши минатиот викенд во Париз со спектакулраен концерт на светски реномираниот турски музичар Кудси Ерѓунер. Фестивалот оваа година се одржа на четири локации, Theatre Le Palace, L’Entrepot, INALCO и Centre du Monde и побуди огромен инттерес кај публиката и француските медиуми.
На самото отворање на фестивалот во театарот Палас на актерот Емир Хаџихафисбеговиќ му беше доделена почесната актерска награда за животно остварување “SEE Actor”. Покрај него во рамките на церемонијата на свеченото отворање, беше доделена и наградата “SEE Perosnality”, која традиционално се доделува на личности од јавниот и општествениот живот, кои со својата работа го обединуваат просторот на Југо-Источна Европа, а истата оваа година ја доби Г-динот Живко Мукаетов, за достигнувањата на компанијата Алкалоид на глобалниот пазар.
Жирито во состав: Ив Буасе – Претседатле на жирито, Емануела Галабру – Актерка, Саша Голдман – филмски продуцент, Хазис Вардар – Директор на театарот Палас и Зоран Живковиќ – Директор на Херцег Нови Филм Фестивал, одлучи за најдобри филмови на оваа едиција да ги прогласи:
– Најдобар филм: “Фалсификатор” (Србија)
– Најдобра режија: Горан Марковиќ (Србија), за филмот “Фалсификатор”
– Најдобро сценарио: Горан Војновиќ (Словенија), за филмот “Чефурс Раус ”
– Најдобра актерка: Дара Џокиќ (Србија), за филмот “Одумирање”
– Најдобар актер: “Рене Биторајац” (Хрватска), за филмот “Вегетаријанец Канибал”
– Најдобар документарен филм: “Барајќи си ја среќата” (Македонија), филм на Марија Џиџева
– Најдобар краток филм: “Сепидех” (Грција), филм на Фани Константиноу
– Најдобар анимиран филм: “Девојката што сакаше бајки” (Хрватска), филм на Чејен Церниќ
– Специјална награда на жирито: “Зиазан” (Турција) филм на Дериа Дурмаз