Во ОУК Дом на млади во Штип, на 12-ти и 13-ти Септември, со „Недела на француски и шпански филмови”, продолжува второто издание на фестивалот на европски филмови во градовите низ Македонија „Festival on wheels 2015”.
Љубители на филмската уметност во Штип ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата француска и шпанска продукција, на проекцииите кои ќе се одржат во кино салата во ОУК Дом на млади во Штип.
Во Сабота, на 12. Септември ќе бидат прикажани францускиот наградуван филм „Gare du Nord“ во 20,00 часот и шпанската хорор-комедија „Witching & Bitching“ од 21,30 часот.
Во Недела на 13. Септември, во рамките на детското матине, од 12 часот, најмладите ќе имаат можност да го погледнат детскиот филм „Amazonia“, додека проекциите продолжуваат во вечерните часови со францускиот филм „Oceane“ со почеток од 20 часот, а од 21:30 публиката во Штип ќе има можност да го погледне францускиот копродукциски акционен хит „Blood Ties“ со холивудските актери Clive Owen и Marion Cotillard во главните улоги.
Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на РМ и во соработка со ОУК Дом на млади во Штип. И оваа година фестивалот има свои изданија во 5 градови во Македонија – Струга, Дојран, Штип, Куманово и Прилеп. Во секој град ќе се одржуваат тематски проекции на филмови од различни европски филмски центри, со тематски филмски работилници водени од еминентни филски работници, како и неделно детско матине со проекција на анимирани филмови.