Ретроспектива на филмовите на Манчевски

Од:

По повод 20-годишниот јубилеј од премиерата на „Пред дождот“, култниот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, од денеска до 10-ти мај во Скопје ќе се одржи ретроспектива на неговиот филмски опус.

Под мотото „Снимај, бе, братучед, снимај!“ ретроспективата ќе биде отворена со прикажување на дигиталната копија на филмот „Пред дождот“ во киното „Милениум“, по што ќе следи и средба на режисерот со гледачите. Во тек на четиридневната манифестација  ќе бидат прикажани и филмовите „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“, предвидена е трибина, а ќе биде промовирана и специјална монографија за филмското творештво на Манчевски.

Манифестацијата е под покровителство на Друштвото на филмските работници на Македонија, а се реализира со финансиска поддршка на Агенцијата за филм.

Билетите за проекциите на филмовите во кината „Фросина“ и „Милениум“, како и за забавите кои ќе следат по нив ќе бидат бесплатни, а ќе треба претходно да се резервираат.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он