Реторички речник на поими и дефиниции од Трајко Огненовски

Од:

Издавачката куќа „Македоника литера“ ја објави книгата „Реторички речник на поими и дефиниции“ од проф. д-р Трајко Огненовски, кој е прв ваков лексикографски труд на македонскиот јазик. Содржи повеќе од 4 000 единици од стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката, третирани од реторички, комуникациски и лингвистички аспект.

– Лексиконот навлегува во реторичката сфера на македонскиот јазик со цел да им помогне на корисниците за запознавање, покрај другото, и со општите и посебните реторички особености на македонскиот јазик, како и со улогата на самиот јазик во ораторството. Меѓу поглавните грижи на составувачот му беа дефинициите што ги следат поимите и термините да бидат јасни, информативни и лесно разбирливи и врз примерите за нив (сметани за неизбежни) да се употребуваат во секојдневната комуникација. При објаснувањето на термините водена е грижа да се опфати нивната вистинска и објективна важност и значење, поради што се користени бројни лингвистички трудови, учебници, лексикони, речници од домашна и странска литература, соопшти „Македоника литера“.

Трајко Огненовски е пензиониран универзитетски професор. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. По дипломирањето и магистрирањето бил избран за научен секретар во Друштвото за наука и уметност – Битола, а во 1995 година бил избран за доцент за македонски јазик и култура на говорот при Педагошкиот факултет – Битола, каде се пензионирал во 2004 година. Автор е на 14 самостојни научни трудови од повеќе области и на речиси 300 трудови во списанија и зборници на одржани научни средби.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска