Република Македонија и НР Кина потпишаа Извршна програма за културна соработка за периодот 2018-2023 година

Од:

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски и министерот за култура на Народна Република Кина, Луо Шуганг денес остварија билатерална средба, на која ја потпишаа Извршната програма за културна соработка меѓу Република Македонија и НР Кина за 2018-2023 година. Средбата се одржа во рамки на Третиот Форум на Иницијативата за соработка помеѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16 + 1) што деновиве се одржува во градот Хангџоу во Народна Република Кина,

Со програмата, министерствата се обврзуваат дека ќе ја поддржуваат и охрабруваат соработката меѓу културните институции и уметниците од двете земји. Програмата е втора по ред од ваков вид и ја моделира правната рамка која ќе ја унапреди соработката меѓу двете министерства за култура. Таа предвидува размена на изведувачко – уметнички ансамбли од двете држави, размена на изложби, академски истражувања, работилници од областа на литературата, филмот и други културни активности. Исто така, согласно Извршната програма, двете држави ќе настојуваат во иднина да ја стимулираат соработката меѓу здруженијата на писатели, институциите од областа на културното наследство и експертите и стручните лица од оваа област.

Со овој документ двете држави ги манифестираат и своите заложби за активно учество во активностите што се дел од „Кина – ЦИЕ, Форум за културна соработка“, а во чии рамки се организираат кампови за танц, посета на директори на меѓународни оперски, куклени, хорски и детски меѓународни фестивали, форуми за заштита на нематеријалното културно наследство, културни и креативни индустрии и други содржини.

Воедно, кинескиот министер за култура нагласи дека Кина од почеток ја поддржува иницијативата Координативниот центар на Иницијативата „16 + 1“ да биде во Македонија, а се разговараше и за можноста за отворање на Кинески културен центар во Македонија и Македонски културен центар во Кина. Министерот Алаѓозовски го покани министерот Шуганг идната година да ја посети Македонија и да се запознае одблиску со подготовките за 4-тиот Министерски форум за културна соработка, на кој Македонија е домаќин во 2019 г.

Соработката во областа на културата меѓу Република Македонија и Народна Република Кина е регулирана со повеќе документи, со Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина и со Извршни програми меѓу министерствата за култура.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио