Пијанистката Верица Шотаровска и флејтистката Сара Османи вечер ќе одржат рецитал во Културно-Информативниот Центар во Скопје.
На програмата ќе бидат изведени дела од Бах, Хју, Перлу и Женин, а рециталот е дел од циклусот „Доаѓаме…“ .
Шотаровска е магистер на ФМУ во Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар. Добитник на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари за пијано соработник во Македонија и надвор. Учесник на стручни семинари раководени од еминентни професори. Досега реализирала повеќе солистички настапи во Македонија.
Османи е студент по флејта во последна година на Факултетот за музичка уметност при Државниот Тетовски Универзитет во класата на проф. Јета Старова Мехмети. Учесник на стручни семинари и мастер класи за флејта и за камерна музика раководени од признати и познати професори. Реализира повеќе настапи како солсит и камерен музичар.