Разновидна програма во културно-информативните центри во Софија и Њујорк

Од:

Концерти и изложби на македонски уметници ќе бидат реализирани со поддршка на Министерството за култура до крајот на годинава во двата културно-информативни центри на Република Македонија во странство – во Софија и во Њујорк.

Во КИЦ на РМ во Софија, кој оваа година одбележува 10 години постоење, ќе се реализираат: заедничката изложба „Како јас, како ти?“ на Гордана Хаџи Николова-Малашев, Кристина Битракова и Галина Николова, проектот „Современа македонска архитектура – 10 години“ во организација на Асоцијацијата на архитектите на Македонија, изложбата „Неспокој-спокој“ на уметникот Коле Манев, заеднички проект „Ретроспективи“ на Благоја Маневски и Јован Шумковски во организација на Националната галерија на Македонија, концерт на Ана Гацева.

Во Македонскиот културен центар во Њујорк, пак, во претстојните месеци концерти ќе имаат пијано-дуото „Гелебешеви“ и Ѓорѓи Цуцковски со пијано-придружба. Ќе бидат реализирани и ликовните изложби на Ивана Пирковска и Ацо Таневски во организација на НУ Национална галерија на Македонија, проектот на Јане Теохаревски насловен „Една уметност – Киро Урдин“, изложбите: „Фотографии“ на авторот Иван Блажев, „Инсталации, објекти и скулптури“ на Сашо и Пандора Саздовски, „Balkan Shapes“ на Џезаир Реџепи, Бејтула Заими и Луан Зенки, „Напуштени храмови“ на Стеван Шашков, „Колоритна метафора на бескрајот“ на Дита Старова, Зарије Амдиу и Шќипе Мехмети и „Бивајќи атмосфера, предели“ на авторката Наташа Милованчев.

– Министерството за култура во Годишната програма поддржува и проекти што се реализираат во културно-информативните центри во Софија и Њујорк, кои се од особено значење за Република Македонија бидејќи овозможуваат континуирано презентирање на културните и на уметничките дострели на нашата земја. Претставувањето на македонските уметници во центрите, меѓу другото, им овозможува да воспостават и директни контакти со своите колеги и со познатите продуцентски куќи од областа на уметноста, соопшти Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар