Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најдобра песна на Меѓународната манифестација „Празник на липте“.
Песните треба да се испраќаат до ДПМ најдоцна до 20 јуни. За пристигнатите творби ќе решава жирито што го составува Одборот на манифестацијата. Песните треба да се испратат во три примероци.
Годинашното издание на „Празникот на липите“ ќе се одржи на 24 јуни под покровителство на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
На централната приредба ќе бидат предадени признанијата „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Бранко Цветкоски и на поетот од Босна и Херцеговина Абдулах Сидран. Друштвото на писателите на Македонија ќе промовира избор во посебна книга од творештвото на лауреатите.