Општина Охрид го распиша годинашниот Конкурс за најдобар расказ за наградата што традиционално се доделува во чест на охридскиот писател и раскажувач Живко Чинго.
Според пропозициите на Конкурсот, право на учество имааат сите полнолетни граѓани, кои своите трудови треба да ги достават во печатена форма во три примероци под шифра без лични податоци на адресата на Општина Охрид, со назнака „за конкурсот за расказ“.
Авторското право наградените ќе го докажуваат со четврти примерок.
Краен рок за достава на авторските дела е 30 јули, а стручната комисија резултатите од Конкурсот ќе ги објави најдоцна до 6 август.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30 илјади денари. Таа ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ која во негова чест традиционално секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.