Расказ од „Човечулец“ на Прокопиев објавен во британското списание „Поем“

Од:

Англиската верзија на збирката раскази „Човечулец“ на Александар Прокопиев, во превод на Вил Фирт и во издание на лондонскиот „Истрос“, продолжува да ги интригира критичарите и уредниците од англиското говорно подрачје. За неполни пет месеци по објавувањето на книгата, одделни раскази од книгата беа преземени во неколку списанија, а се појавија и низа позитивни критики.

Така, во најновиот број на британското списание „Поем“ е објавен подолгиот расказ „Автобајка“ (под наслов „Once Upon A Prokopiev”)

Критичарот Скот Пак кој го води книгоиздателството „Aadvark Bureau“, специјализирано за преводи на француски наслови на англиски, неодамна во својата рубрика „Јас и моите куси раскази“ го издвои од познатата Dalkey антологијата „Најдобритe европски раскази 2015“ токму расказот „Змиулче“ на Прокопиев.

Во својата препорака, Пак признава дека првпат чита македонски автор и дека сега едвај чека да прочита уште нешто. Според Пак, станува збор за „многу шармантен расказ, со атмосфера на бајка“.

„Човечулец“ ја доби наградата „Балканика“ за 2012 годиина. Досега е преведен на полски, српски, хрватски и англиски, а веќе се потпишани договори за превод за следната година со уште неколку европски издавачи.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска