Рахим Бурхан од театарот „Пралипе“ – специјален гостин на 16. Ромски театарски фестивал

Од:

Во Детскиот театарски центар во скопската чаршија од денеска до 17 ноември ќе се одржува 16. Ромски театарски фестивал „Garavde Muja – Скриени лица“, на кој специјален гостин ќе биде режисерот Рахим Бурхан – основач на Театарот на Ромите „Пралипе“ во Скопје во 1971 година.

Тој ќе присуствува на свеченото отворање на фестивалот на кој ќе учествуваат театарски ансамбли од земјава, Хрватска, Србија и од Косово. Првата претстава на Ромскиот театарски фестивал ќе биде изведена вечер од 18.30 часот – „Прво јаболка, а сега ружи“ по сценарио и режија на Даниел Петровски.

Како што соопшти Здружението на љубители на ромската фолклорна уметност-Скопје, в недела (17 ноември) од 11 часот во Музејот на македонската борба ќе се одржи и панел-дискусија „Развојот на ромската култура, проблеми и предизвици“.

На панелот ќе учествуваат проф. Марсел Куртијаде од Франција, Осман Балиќ од Србија, Рахим Бурхан од Германија и Севдија Абдулова од Северна Македонија.

Рахим Бурхан живее во Нојс, Германија. Роден е во Скопје во 1949 година. Во 1971 година во Скопје го основал и раководел Театарот на Ромите „Пралипе“ (на македонски „Братство“) и режирал голем број претстави. Од 1991 година „Пралипе“ соработува со театарот „Андер Рур“ во Милхајм, Германија.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“