Работилница за звук во природна средина

Од:

Третиот по ред Креативен викенд ќе се одржи во селото Лазарополе на 28 и 29 јуни,  по трет пат ќе се одржи работилницата за звук и теренски снимки  „Nature meets technology“.

Станува збор за работилница за звучен пејзаж и теренски снимки, каде уметниците што сакаат природа и звук и имаат сличен пристап кон музиката и животот, ќе имаат можност се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, создаваат, да ја претстават својата работа, да соработуваат и да уживаа

т во природата.

Се работи за интерактивна работилница наменета за локални и интернационални артист и млади кој се заинтересирани за звук, теренско снимање, аудио монтажа и продукција, радио арт, саундарт и сл. и сите оние кој имаат интерес да се запознаат со основите на звучната уметност.

Работилницата ќе се состои од работни сесии, кратки предавања, презентации, дискусии, теренско снимање на звуци и практична работа во природа, како и поединечни и групни настапи и импровизациски сесии на отворен простор, каде низ текот на оваа работилница ќе имаат можност прво теоретски да се запознаат со проблематиката и начинот на работа, а потоа и практично ќе се запознаат со концептот на теренско снимање со преносни аудио снимачи, како и целосен третман на снимениот звук од трансфер, монтажа, процесирање, секвенцирање па се до креирање, продукција и изведба на конкретна звучна форма.

Работилницата ќе биде под водство на кураторот Тони Диимтров, а учество ќе земат етаблирани музичари од македонската и српската електронскa сцена. Програмскиот дел ќе содржи презентации на проектот „Музички дневници“ на Милош Томиќ, со кој тој ја претставуваше Србија на 55-тото издание на Венециското биенале, потоа презентација на амбиенталната издавачка етикета post global recordings, презентација на интернационални звучни инсталации на Доротеј Нешовски и презентација на досегашните изданија на проектот Soundscape workshop.

На ова издание на работилницата „Post Global Trio“ ќе го постави и своето студио, каде на надморска височина од 1350 метри ќе го сними материјалот за својот нов албум, а процесот ќе кулминира со нивен настап во живо. 

Резултатите од оваа работилница ќе бидат претставени со импровизациски сесии најпрвин во рамките на самиот настан во Лазарополе, а потоа и на други локации низ Македонија. Ова е четврта во серијата работилници од овој тип работилници за звук (по работилницата за звучен пејзаж во урбана средина), а трета во Лазарополе. На ова издание на работилницата за втор пат ќе учествуваат артисти од други земји, по учеството на уметници од Мексико, Франција, Србија, кои учествуваа минатата година.

Би можело да ве интересира

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“