Реткото, прво издание на драми од Вилијам Шекспир ќе биде изложено во неговиот духовен – во лондонски Глоб театар, само на стотина метри од местото каде е печатено во 1623 година.
Шекспировиот Глоб соопшти дека првото издание е откриено лани во библиотеката Сен Омер во Франција и дека од јули 2016 година два месеца ќе биде изложено во лондонскиот театар.
Глоб театар се наоѓа на брегот на Темза отспротива на катедралата на свети Павле. Актерот Марк Рајланс поранешен уметнички директор на Глоб изјави дека е одушевен што неговата „најомилена книга на светот“ пристигнува во Глоб и што ќе биде изложена близу местото каде настанала.