Прво онлајн издание на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

Од:

Со инструментална изведба на орото „Комитско“ и со целовечерен концерт на Ансамбл „Македонија“-Скопје, синоќа во Битола почнаа вечерите на традиционална музика и песна, на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Според Валентин Соклевски, уметнички раководител на фестивалот „Илинденски денови“, традицијата продолжува, фестивалските вечери почнаа со орото „Комитско“ и првпат во историјата на фестивалот само со инструментална изведба на „комитското“ од КУД „Илинден“-Битола, а потоа и со онлајн настап на фолклорни групи од странство.

-Синоќа на фестивалот „Илинденски денови“ се случи нов историски момент. Фестивалските вечери почнаа со орото „Комитско“, но само со инструментална изведба на КУД „Илинден“ затоа што безрезервно и максимално ги почитуваме заштитните мерки од коронавирусот. Во пациото на битолскиот Музеј со аплауз беше поздравен почетокот, како и целовечерниот концерт на Ансамбл „Македонија“-Скопје, изјави за МИА Соклевски.

Пред публиката во Битола членовите на Ансамбл „Македонија“ понудија чалгија, зурли и тапани, како и други фолклорни мотиви презентирани од нивниот традиционален оркестар.

-Веднаш по завршувањето на концертот, публиката ја проследи првата, и би рекол историска понуда, затоа што во овие 50 години никогаш не се случило, а тоа е првата онлајн интернационална фестивалска вечер. Онлајн фестивалите се нов тренд и се поддржани од светската асоцијација на фолклорните фестивали ЦИОФФ и затоа во Битола на трите онлајн фестивалски вечери ќе настапат групи од 11 држави во светот, односно од Обединетите Арапски Емирати, Хрватска, Колумбија, Грузија, Шпанија, Босна и Херцеговина, Чиле, Индија, Бразил, Северен Кипар и Северна Македонија. Доколку не беше пандемијата во Битола ќе гостуваа 17 фолклорни групи од 11 држави во светот, а сега нивните настапи се презентираат онлајн, посочи Соклевски.

Публиката од државата и светот, Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ фестивалот може да го следи секоја вечер од 21.30 часот на веб страницата www.ilindenskidenovi.com како и на фејсбук страницата https://www.facebook.com/ilindenskidenovi информираат од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот во овој град.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола