Прва награда за Александар Прокопиев на конкурс за хаику во Србија

Од:

Писателот Александар Прокопиев е добитник на првата награда „Радмила Богојевиќ“ на истоимениот IV. Меѓународен конкурс за хаику во Србија, организиран од книжевникот Дејан Богојевиќ.

Како што соопшти издавачката куќа „Авант прес“, на конкурсот учествувале 214 автори на хаику-поезија од 33 држави.

„Со грб на езеро пребарува мејлови. Странец на одмор“ е хаикуто на Прокопиев за кое ја доби првата награда.

Одлуката за наградите ја донесе меѓународното жири во состав: Душан Стојковиќ (Србија); Ранко Павловиќ (Босна и Херцеговина); Аленка Зорман (Словенија) и Нелица Ивановиќ Радовиќ (Црна Гора).

Втората награда на конкурсот ја поделија две авторки: Ан Каран од Нов Зеланд и Зои Савина од Грција, а третата ја поделија Дитмар Таухнер од Австрија, Драган Ристиќ од Србија и Вандана Парашар од Индија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска