Прва Aнтологија на македонската песна во проза

Од:

Во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска беше промовирана првата „Антологија на македонската песна во проза“ од авторот Петко Дабески, во издание на  „Антолог“ од Скопје.

Антологијата, насловена  „Бденија и виденија“, е објавена во едицијата  „Бесмртни мисли“ каде првпат пред нашата и странската културна јавност го претставува овој жанр, овозможувајќи им на читателите ново читање и постојано уживање во креациите на песната во проза.

Проф. Лидија Капушевска Дракулевска во промотивната реч  посочи дека Дабески со Антологијата покажува и докажува дека песната во проза е еден витален книжевен феномен кој доживеал вистински замав во македонската литература и претставува вистинки предизвик за македонските творци.

Авторот Дабески нагласи дека најголемите зачетници на модерната лирика оцениле дека песната во проза е израз во „модернитет“. Токму затоа, рече Дабеским не случајно се одбрани авторите во Антологијата на  македонската песна во проза.

– Македонските автори и нивните песни во проза ме инспирираа да ја објавам оваа книга во која тие прекрасни творци ќе се најдат во една прилика заедно, на едно место, за да можат самите  да се видат во книгата кој каде е, а и читателите да добијат претстава за македонската лирика, реча Дабески.

Во антологијата на едно место се застапени над педесет македонски автори, меѓу кои писатели од сите генерации, од најеминетните поетски бардови, па сè до најмладите, тукушто пројавени имиња. Антологијата содржи исцрпни библиографски податоци за авторите.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска