Прв самостоен настап на пијанистот Симеон Иванов во Велес

Од:

Во рамките на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ синоќа во салата „Бели Мугри“ пијано рецитал одржа младиот и талентиран 18-годишен велешанец Симеон Иванов.

Пред домашната публика Иванов се претстави со Прелудиум и Фуга во Е мол од Јохан Себастијан Бах,Етида во Ес дур од Сергеј Рахмањинов,Пасторална соната од Лудвиг Ван Бетовен и Фјунерај од Франц Лист.

Иванов вели дека овој концерт пред домашната публика за него претставувал тежок испит, но сепак успеал да го прикаже тоа што го замислил бидејќи напорно вежбал една година.

– За манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ на Министерството за култура во соработка со Општина Велес сметам дека е многу важна за презентирање и афирмација на нас младите уметници од сите области од културата и треба да продолжи и во наредните години,потенцира Иванов.

Инаку тој учествувал на бројни домашни и меѓународни натпревари и освојувал прво,второ и трето место.

Годинава беше матурант во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во класата на професор Глигор Гелебешев, а сега се подготвува за упис на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар